rustikana crowd1

Барате место во Скопје со вкусна храна и одлична музика?

Rock KafanaRUSTIKANA

Рокенрол, сочни бургери и одлично поминато време!

од 2006

ИЛИНДЕНСКА 94, СКОПЈЕ, МАКЕДОНИЈА

DiscoverOUR STORY

Рок Кафана Рустикана е првата и единствена рокенрол кафана во Скопје. Служиме традиционална храна на наш начин, американска кујна и организираме живи свирки 4 дена во неделата. Горди сме на храната која ја готвиме, музиката која ја селектираме и луѓето кои ги послужуваме!

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ ЗА НАС

lady burger

SoulfulFOOD AND DRINKS

Check OutOUR MENUS

Од традиционални салати и мезиња, до наградувани бургери, споро печено свинско месо до перфекција и скара толку вкусна што ќе си ги излижеш прстите! Секогаш водиме сметка намирниците да се локално набавени, свежи и со највисок можен квалитет. Затоа сите намирници ги набавуваме секој ден. Нашето мени за пијалоци содржи домашни и увозни пива (на точење и во шише). Винската листа содржи исклучиво домашни, високо квалитетни вина. Жестоките пијалоци во нашиот шанк се скоро се што можете да најдете на домашнио пазар. Од високо квалитетна жолта ракија, бурбони и ирски вискија, single malt скочови, до вашите омилени џинови и водки. Коктел листите ги освежуваме секој месец и пијачките ги правиме со најквалитетните состојки до кои можеме да дојдеме!  

ЦЕЛОСНОТО МЕНИ ЗА ХРАНА И ПИЈАЧКИ

in the mood rustikana

Live MusicIS KING!

Rock & RollIS ALIVE!

Едноставно обожаваме да слушаме добра музика. Покрај нашиот музички избор, домаќини сме на локални кавер бендови од среда до сабота кои свират блуз, фанк рок, класичен рокенрол. Ние сме единствениот ресторан во Скопје кој нуди толку широка музичка програма.

Покрај живите свирки, ги пренесуваме сите поголеми спортски настани - особено оние на кои настапува нашата гордост - РК Вардар, двократниот европски шампион!

ПРОВЕРЕТЕ ГИ НАШИТЕ НЕДЕЛНИ НАСТАНИ

САКАШ ДА ДОЗНАЕШ ПОВЕЌЕ? КОНТАКТИРАЈ НÉ

mk_MK
en_US mk_MK