The Beginnings

Како започна сé...

Во 2006 за прв пат ги отворивме вратите на Рок Кафана Рустикана каква што е денес. Во малиот семеен ресторан во центарот на Скопје почнавме да го правиме тоа што го знаеме најдобро - готвење на неодоливо вкусна храна! Тоа почна да привлекува профил на луѓе кои не ги гледате често во типичните кафани - музичари, колумнисти, писатели, спортски личности, актери...и сите имаа одличен вкус за храна и....музика.

Почнавме да пуштаме музика сосема поразлична од она на што сте навикнати во традиционалните кафани низ Македонија. Пуштавме блуз, малку фанк и соул, и секако стариот добар рокенрол! Луѓето го обожаваа тоа!

Брзо потоа ја имавме и првата свирка во живо, па потоа и втората и третата...Следно нешто на што се сеќавам е дека нашиот мал семеен ресторан беше претесен за сите што сакаа да дојдат.

Во 2016 ја отворивме Рок Кафана Рустикана 2.0 - која сега е нашата база и дом надвор од дома!

The Rock Kafana RustikanaFAMILY

Викаат добар си колку што ти е добар тимот

Веројатно е клише - меѓутоа е жива вистина. Нашиот тим е наше семејство. Низ годините имало многу луѓе кои дошле и си заминале. Некои добри, некои помалку добри. Но, оние кои останаа се ОДЛИЧНИ! Го мислам тоа со целото мое срце. Ова се луѓето кои се грижат секој ваш оброк да биде со највисок можен квалитет секој пат кога ќе влезете низ нашите врати. Kitchen Legends - наклон до под! Дечките и девојките кои ги гледате и се грижат за вас секогаш со најголемата, најтопла, пријателска насмевка се нашата движечка сила. Ги сакаме, а уште поважно - ги сакате и вие!

Да бидам искрен, не би ги менувал за ништо на светот. Целиот наш персонал е едно големо среќно семејство - оној тип на семество што прават огромна галама на секој семеен собир. Уште еднаш дечки, фала ви што сте дел од нашата приказна, сите овие години.

Арманд Вељан - Сопственик на Рок Кафана Рустикана


rustikana team
сликата е од нашиот последен семеен собир

mk_MK
en_US mk_MK