Слушнавме дека ЛУЃЕТО ВЕЛАТ ДЕКА ГИ ИМАМЕ НАЈДОБРИТЕ БУРГЕРИ ВО СКОПЈЕ. КОИ СМЕ НИЕ ДА СЕ БУНИМЕ, ТАКА?
Нашиот рецепт за мелено месо има историја зад себе. Би се вратиле некаде во 1970тите и култниот ресторан "Шампионче". Иако ресторанот не постои, локалците знаат дека постои цело маало во Кисела Вода по тоа име, истото тоа маало каде ресторанот имал централно место.
Горди сме да кажеме дека користиме исклучително квалитетно јунешко мелено месо. Ќебапчињата и плескавиците "Шарска" или "Bohemian Rhapsody" се направени ексклузивно по тој рецепт стар 3 генерации.
Бургерите кои ги обожавате имаат две варијанти: The Original е направена од плескавица препознатлива за Балканот. Таа е микс на високо квалитетно јунешко месо, кромид, зачини и тајни состојки кои не содржат никакви адитиви. The New Yorker плескавицата е повеќе бургер плескавица која би очекувале да ја добиете ако нарачате бургер било каде на Запад. 100% јунешко месо и ништо повеќе. Мораме да признаеме дека е сосема поинакво доживување и топло препорачуваме да ја пробате.
*Најдобрите бургери во Скопје се достапни и со The Original и со The New Yorker плескавиците.
Да бидеме искрени Во најмала рака е нефер да се фокусираме само на бургерите без да ги споменеме и другите специјалитети на менито.
Кога одите во кафана во Македонија, почнувате како што треба - мезе и ракија - а тоа имаме во изобилие! Ако сте нови во нарачувањето мезе, оставете им го тоа на професионалците. Нашиот персонал точно знае што ви треба!
Скарата која ја подготвуваме е она што секогаш го препорачуваме кога сте во опуштена атмосфера со добро друштво. BBQ ребра или Pulled Pork морате да пробате! Пилешки копанчиња со неколку пива додека навивате за омилениот тим? Нема проблем!
Иако сме познати по специјалитетите со месо, имаме нешто и за вегетаријанците. "Лажниот Цепелин" е нешто што не би сакале да го пропуштите!
НЕ СТЕ СИГУРНИ ДАЛИ ИМАМЕ СЛОБОДНО МЕСТО ВО МОМЕНТОТ? ЈАВЕТЕ НИ СЕ!
Best burgers in Skopje ?
Постојат многу места што нудат бургери во Скопје.
Гордо ви го претставуваме The New Yorker!
Нашето најпродавано ремек-дело на кое сме исклучително горди. 100% јунешка плескавица, микс од чедар и гауда, карамелизиран кромид, кисели краставички и нашиот супер таен, пикантен Бруклин сос.